Гласна музика, галама… тоа не е ништо во споредба со изведување мајсторски работи на полноќ, реагираат жителите на ул. „Никола Карев“, кои деновиве не можеле око да склопат од соседот кој решил ноќно време да заварува и склопува некаква метална конструкција. Несноснивата бучава почнала накај 23 часот, а завршила половина час по полноќ. И додека мајсторот во ладот си ја сработил работата, жителите од околните згради и куќи останаа без сон.

OhridNews