Фудбалерите на Манчестер Сити по петти пат во историјата на клубот ја освоија титулата во ФА купот. Освоената титула е прва за Манчестер Сити по пауза од 35 години.

„Граѓаните“ во финалниот натпревар, одигран на „Вембли“ во Лондон, го победија Стоук со 1:0. Стрелец на  одлучувачкиот гол беше Јаја Туре.  Покрај титулата во ФА купот, Манчестер Сити го обезбеди четвртото место во лигашкиот дел, со што обезбеди пласман во квалификациите во Лигата на шампионите.

Ohridnews