Репрезентациите на Грција и Чешка се патниците во четвртфиналето од Европскиот шампионат во Полска и Украина.

Во последната рунда, Грција ја совлада Русија минимално со 1-0 со голот на Карагунис во финишот на првиот дел.

Чешка со истиот резултат го победи домаќинот Полска, и тоа со голот на Јирачек во 72 минута.

Чешка е
првопласирана селекција во групата А со 6 освоени бода, пред Грција со 4
бода, додека настапите на ЕП 2012 неславно ги завршија Русија и
Полска.