Лоша увертира за мечот од Лигата на Шампиони имаше Марсеј кој минимално со 1-0 беше поразен на гостувањето кај Ајачио.Стрелец на единствениот гол во 89 минута од мечот беше Андре.


За Марсеј ова беше четврти последователен пораз во францускиот шампионат. Во среда избраниците на Дешамп му гостуваат на Интер во Милано, каде ќе ја бранат предноста од 1-0 стекната по првиот меч.