Бранителот на трофејот во Премиер Лигата, Челси со 3-0 го декласираше градскиот ривал Вест Хем.  По натпреварот со “чеканите“ менаџерот на “сините“ има две причини за задоволство, Челси остана во трка за титулата и конечно шпанецот Фернандо Торес постигна деби погодок во дресот на “сините“.


Постот на “ел нињо“ кој го засили Челси во зимскиот преоден рок за рекордни 50 милиони фунти траеше три месеци, 14 натпревари или 732 минути. Покрај долго очекуваниот погодок на Торес, мрежата на Роберт Грин ја затресоа уште Френк Лампард и французинот Флорент Малуда.


– Не е лесно да се адаптираш во нова и јака екипа. Напорно работев на тренинзите, сакам да му се заблагодарам на фудбалерите кои имаа трпение со мене. Го “скинав“ притисок од моите плеќи со погодокот сеа ни престојат подобри времиња – потенцира Фернандо Торес.

Мх.П.