Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ доби три меча суспензија поради ударот без топка на Салваторе Ароника на мечот против Наполи кој заврши 0-0.


Швеѓанецот ќе ги пропушти мечевите против Удинезе, Чезена како и супердербито против Јувентус. Од Милан најавија жалба на ваквата казна.

За Ибрахимовиќ кој е прв стрелец во Серија А, ова не е прв пат да добие ваква казна. Лани  на мечот со Фиорентина имаше вербална расправија со помошниот судија по што беше предвреме  пратен во соблекувалната.