Милан предводен од најдобриот стрелец во Серија А, Златан Ибрахимовиќ со 4-0 го совлада Палермо и ја задржа предноста пред Јувентус на врвот на табелата. Ибракадбара за само 15 минути го реши прашањето околу победникот.


Швеѓанецот погоди во 21, 31 и 35 минута од мечот, победата ја потврди дефанзивецот Тиаго Силва во вториот дел.