Македонскиот репрезентативец Владо Илиевски со екипата на Монтепаски Сиена, како првопласиран во групата Д обезбеди пласман пласман меѓу осумте најдобри екипи во кошаркарската Евролига. Покрај Сиена меѓу осумте најдобри се пласираше и Партизан совладувајќи го актуелниот шампион на Стариот континент. “Црно-белите” во одлична атмосфера во салата “Пионир” го победија Панатенаикос со 82:73

Противник на Партизан во следната елиминациска рунда ќе му биде првопласираниот тим од Е групата, Тау Керамика, додека Монтепаски ќе ги одмери силите со турскиот Фенербахче.