На резултат од 2-1 за Интер на мечот со Нефтчи во Лигата на Европа, младиот фудбалер Марко Ливаја постигна чист погодок, но линискиот судија не го забележа и играта продолжи. “Невидениот“ гол ќе значеше трет за Интер и осигурување на победата.


До крајот на натпреварот екипата на македонскиот интернационалец Игор Митрески, Нефтчи изедначни 2-2 и со бод од “Џузепе Меаца“ се прости од Лигата на Европа.


Непризнатиот погодок на Интер на дуелот од Лигата Европа е втор за кратко време. Во мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ридинг во Премиер Лигата, “црвени ѓаволи“ беа оштетени за чист погодок, но за среќа Јунајтед триумфираше, а Интер ја немаше среќата и ремизираше.

Мх.П.