“Нероазурите“ го одбранаа трофејот и стигнаа до седмата круна во “Копа Италија“ откако во финалето го совладаа Палермо со 3-1.


Камерунскиот репрезентативец Самуел Ето прецизен беше на два пати, неизвесноста на натпревари ја врати Муњоз додека крај на сите дилеми постави аргентинецот Диего Милито на асистенцијата од Пандев.

За македонскиот репрезентативец Горан Панде ова е трет трофеј во “Копа Италија“. Еден освои во дресот на Лацио додека во два наврати се радуваше со Интер.

Мх.П.