Актуелниот првак на Италија, Интер ја продолжи импресивната серија победи по смената на кормилото на клубот. Бразилецот Леонардо успеа да го разбуди шампионот кој ја забележа третата победа во лигата,четвртта воопшто. Жртва на “нероаѕурите“ беше Болоња која од “Џуџепе Меаца“ си замина со полна мрежа.

Станковиќ ја отвори серијата, ја продолжи Милито, а ја заокружи Ето со два погодоци. Почесниот гол беше дело на Хименез.

На воведниот натпревар Наполи и Фиорентина ремизираа 0-0.

Резултати : Наполи – Фиорентина 0-0, Интер – Болоња 4-1

Утре играат : Каљари – Палермо, Јувентус –
Бари, Катанија – Киево, Бреша – Парма, Чезена – Рома, Лацио –
Сампдорија, Џенова – Удинесе, Лече – Милан.


Табела : Милан 40, Наполи 37, Лацио 34, Рома 32,
Интер 32, Палермо 31, Јувентус 31,  ….