Во вондредното трето коло од Серија, Новара приреди изненадување совладувајќи го вицешампионот Интер со 3-1. Бродот на “нероазурите“ тоне ли тоне, а на работ на отказ е тренерот на Интер, Џан Пјеро Гасперини.


Новајлијата во “калчо“ лигата Новара преку Меџиорни повeде со 1-0 во првиот дел. До наредните погодоци се чекаше се до финишот на натпреварот откако Ригони во 86-та зголеми на 2-0, Камбијасо во 87-та минута ја врати надежта за Интер дека ќе останат непоразени. Ригони со вториот погодок на мечот трет за Новара го “нокаутираше“ Интер и ги постави конечните 3-1.