Проблемот со депонијата Буково, присутен долги години, не може да се реши со санација, туку само со нејзино затворање, бидејќи таму е наталожен толку многу отпад, кој нема начин да се отстрани. Ова во видео интервју за OhridNews го изјави директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски.

Тој се осврнува и на проблемот со отпадот во Мауцкер и причините за пропаѓање на идеата за изградба на фабрика за преработка на отпад на оваа локација. Како ќе се реши проблемот со отпадот во Југозападниот плански регион, каде ќе се гради регионална депонија и кога, што е предуслов за решавање на проблемот со депонијата Буково која продолжува да ги загадува и почвата и воздухот и натаму е отворено прашање.

Во интервјуто се зборува и за состојбата со јавната хигиена во Охрид, проблемите со загадувањето на животната средина и слабиот одговор на институциите на девијантните појави, новите вработувања во јавното претпријатие, како и плановите за негов развој, но и за ФК клуб Охрид, на чие чело се наоѓа Грданоски.

Г. Момироски