Подготвени сме за почетокот на новата учебна година. Околу 130 првачиња ќе го започнат утре првиот училишен ден во ОУ „Григор Прличев“, а околу 500 првачиња во сите основни училишта во градот. Образовниот процес ќе се одвива согласно веќе објавените протоколи и сметам дека само со нивно почитување и насоките од Министерството за образование ќе имаме успешна школска година, како што беше и минатата, истакна директорката на ОУ „Григор Прличев“, Ивана Маховска Шикалеска во видео интервју за OhridNews.

Маховска Шикалеска говори за сите предвидени сценарија кои ќе се применуваат во случај на промена на епидемиолошката слика, on-line наставата, но и за дигиталните учебници и модернизацијата на образовниот процес, кои се поврзуваат со on-line наставата, а не треба, бидејќи, нагласува, тоа не е исто.

OhridNews