„Охрид ниту почнал со мене, ниту ќе заврши, како што не почнал ниту со претходните градоначалници и локални самоуправи. Водењето на градот Охрид е општествена и колективна одговорност, тоа е пат кој заедно треба да го трасираме со граѓаните на Охрид кои треба да имаат разбирање дека сите активности на локалната самоуправа се насочени во насока на подобрување на квалитетот на животот на заедницата, а не на индивидуата.“-изјави во видео интервјуто за OhridNews градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески.

Во интервјуто Бакрачески изнесува мислење за проектот на Субрата Рој во Љубаништа, за кој посочува дека засега тој се уште е во фаза на проект, но оти верува во институциите на системот кои се одговорни за реализација на планираната инвестиција и ги запазуваат сите законски процедури во текот на преговорите.

-Се додека ние се придржуваме до законите и регулативите кои постојат во делот на инвестициите и градењето ништо не треба да не загрижува.-рече Бакрачески.

Во видео интервјуто кое може да се погледне на OhridNews, Бакрачески отворено зборува за реформите во локалната самоуправа и потребата од суштински промени во работата на локалната самоуправа, начинот на кој се решaваат долговите на општината, за реализацијата на ветените капитални проекти, за равојот на спортот во градот, состојбите во туризмот, но и за лекарскиот ангажман по преземањето на градоначалничката функција.


Видео интервју со Д-р Никола Бакрачески

OhridNews