Непознат сторител вечерва запалил една од новозасадените четириметарски палми на кејот „Македонија“. По извесен период интервенирала противпожарната служба.

Кој и зошто за потпалил палмата, треба да откријат истражните органи.

Во ноември минатата година во Охрид беа засадени двесте четириметарски влакнести палми, кои беа дел од проектот на ЈП „Македонски шуми“, за како што беше кажано тогаш, градење имиџ на Охрид како „град на палмите“.  

OhridNews