Oхриѓанецот Богдан Василески и неговиот колега Огнен (beatbox) од Битола, синоќа имаа извонреден настап во “Cuba Libre beach & bar”.
На ритамот на Огнен и песната на Богдан никој не остана рамнодушен. Дел од расположените гости им се приклучија на момците на бина и запеаа заедно со нив.
Поради големиот интерес Богдан и Огнен вечерва, петок, репризно ќе настапат во “Cuba Libre beach & bar”.
Забавата започнува од 21.30 часот.
OhridNews