Женската фудбалска репрезентација на Јапонија е нов светски првак во фудбал, откако во финалето на Мундијалот во Франкфурт ги совлада САД по изведувањето на пенали со 3:1.


Натпреварот во регуларниот дел и продолженијата заврши 2:2, а Американките на два пати не успеаја да го задржат водството. Поведоа во 69. минута со голот на Морган, но Мијама во 81 донесе дополнителни 30 минути. Вамбах ги доведе САД на чекор до титулата во 104. минута, но најдобриот стрелец и играч на турнирот, Сава (пет гола) во 117 минута се погрижи за удари од белата точка.

Ohridnews