Јован Делов го фати светиот крст кој во осветените води на Охридското Eзеро го фрли владиката дебарско – кичевски Тимотеј.



На овогодинешнатата манифестација присуствуваа над 20 илјади посетители, а околу 1000 верници се фрлија по крстот.


За прв пат годинава во осветените води се изврши групно крштевање. Со традиционален верски обред беа крстени триесетина луѓе меѓу кои имаше деца но и повозрасни лица.


Ohridnews
фото Кирил Јорданоски