Во  драматичен натпревар одигран на “Етихад“ стадионот, Манчестер Јунајтед го совлада градскиот ривал Сити со 3-2 и обезбеди пласман во наредната фаза.


Првиот дел од мечот помина во знакот на “црвените ѓаволи“ кои имаа предност од 3-0 со двата погодоци на Руну и еден на Велбек, и фудбалер повеќе во поле откако Крис Фој го исклучи капитенот на Сити, Компани.

Погодокот на Коларов во 48-та минута внесе надеж во редовите на “граѓаните“, целосната неизвесност на мечот ја врати аргентинецот Агуеро кој го искористи киксот на потесната одбрана на Јунајтед.

Со елиминацијата на Сити од ФА Купот, Манчестер Јунајтед ја намали болката по поразот во Премиер Лигата со 6-1 на Олд Трафорд.

Мх.П.