Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата ги освои трите бода со Болтон на Олд Трафорд. Победа на “црвените ѓаволи“ добива уште поголема тежина откако од 70-та минута играа со фудбалер по непромислениот старт на Џони Еванс.


Човекот на одлука беше најдобриот стрелец во Премиер Лигата Димитар Бербатов во 88-та минута кога бугаринот ја искористи несигурната интервенција на Јаскелаинен по шутот на Нани.

Мизеријата на Арсенал продолжи и во Премиер Лигата играјќи нерешено 2-2 со ВБА. Домашните со погодоците на Рид и Одиминге имаа предност од 2-0, избраниците на Венгер собраа сили и со погодоците на Аршавин и Ван Перси резултатски се вратија во игра но немаа да направат целосен пресврт.


Резултати: Тотенхем – Вест Хем 0-0, Мен Ју – БОлтон 1-0, ВБА – Арсенал 2-2, Астон Вила – Вулверхемптон 0-1, Блекбурн – Блекпул 2-2, Стоук – Њукасл 4-0, Виган – Бирмингем 2-1, Евертон – Фулам

Табела: Мен Ју 63, Арсенал 61, Манчестер Сити 53, Челси 51, Тотенхем 49. . .

Мх.П.