Јувентус со 3-0 ја “преслуша“ Рома и се пласираше во 1/2 финалето од Купот во Италија. Избраниците на Конте, со триумфот над “волчицата“ останаа во игра за “дуплата“ круна.


“Старата дама“ ништо не остаде на случајност и од првата минута тргна офанзивно кон голот на Стекеленбургер, во шестата минута Јувентус го отвори резултатот преку Гачерини, после половина час игра со маестралниот гол Дел Пиеро, го зголеми водството на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Кјаер кој постигна “авто гол“.

Другите 1/4 финални двојки се : Киево – Сиена, Наполи – Интер, Милан – Лацио.

Мх.П.