Пет телиња изгореа, а уништена е и поголема количина сено и сточна храна во пожарот што вчера избувна во плевна во селото Мешеишта, oхридско. 

Во гаснењето учествуваат повеќе возила на Противпожарната единица од Охрид, како и локалното население, кои успеаа да ја совладаат огнената стихија.

Истрагата треба да ги открие причините за пожарот, кој предизвика поголема материјална штета.

OhridNews