Инспирирани од традицијата, полски туристи кои летово го посетиле Охрид, изработија уште еден видео спот, овојпат за охридското занаетчиство, поточно резбарството.
Видео материјалот е снимен во резбарското ателје „Фармаковски“, каде рачно се изработуваат икони, иконостаси и други предмети во резба.