На социјалните мрежи се појави видео на кое грчки новинар се обидува да ја испровоцира македонската претставничка за „Песна на евровизија“, Калиопи, но таа не паѓа на неговите провокации, пренесува „Макфакс“.
Со широка насмевка му вели дека таа е од Македонија и дека ја сака неговата земја, Грција.
Грчкиот новинар ја прашува Калиопи зошто по завршувањето на втората полуфинална вечер кажала дека доаѓа од Македонија, а не од ФИРОМ.
На пресконференцијата по полуфиналето рековте Македонија.
Калиопи му одговара: Да. А, од каде си ти? Од Грција? Здраво, Грција! Ја сакам Грција!
Грчкиот новинар:Јас, го знам тоа, но јас Ве прашувам зошто не го користите името ФИРОМ?
Калиопи: Ја сакаш политиката?
Грчкиот новинар: Но, вие го користите името Македонија, а не ФИРОМ.
Калиопи: Јас знам дека името на Вашата земја е Грција. Ја сакам Грција, грчката
музика, танцуваме на грчката музика на македонските свадби. Ја сакам Грција! Те сакам миличок! Македонија ви е сосед. Ви благодарам, но Македонија е името на мојата земја.
Грчкиот новинар: Македонија е грчка. Вашето име е ФИРОМ.
На вчерашниот избор на песна за Евровизија, на кој победи шведската претставничка, Калиопи се пласираше на 13-то место, пред престатвникот од Грција.
извор:„Макфакс“