Петкратниот првак на светот Бразил “заличи“ на себе во последното коло од групата Б. “Кариоките“ со 4-2 го совладаа Еквадор и со пет бодови обезбедија пласман во понатамошната фаза. Погодоците за Бразил ги постигнаа Пато и Нејмар додека за Еквадор на два пати беше прецизен Каиседо.


Парагвај и Венецуела одиграа трилер меч кој заврши 3-3, но и две репрезентации патуваат во следната фаза. 

Мх.П.