Ова што се случува денеска во Охрид е потврда на потребата од подобрување на сообраќајната инфраструктура во Охрид, вели советникот за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалески. „
„Во ситуација кога имаме 30.000 гости и дваесетина илјади автомобили како што е случај овој викенд во Охрид, неминовно е да размислуваме за изградба на нов пат кој води кон туристичките комплекси и плажите. Една од идеите е да се прошири постојниот пат, но сметам дека најдобро решение е магистралниот пат кон Св. Наум да се подигне над туристичките комплекси за што има и план и доколку навистина сакаме да развиваме врвен туризам тоа треба да ни биде цел“, изјави за Оhridnews, Зоран Шикалески.












