Вечерва на Олд Трафорд во 17-то коло од Премиер Лигата ќе се сретнат аспирантите за титулата Манчестер Јунајтед и лидерот на табелата Арсенал.


“Црвените ѓаволи“ се единствена екипа во Премеир Лигата која го нема почуствувано горчливиот вкус на поразот. Менаџерот на “бебињата’ Сер Алекс Фергусон за двобојот со својот “пријател“ Арсен Венгер ќе ги има сите фудбалери на располагање. Минатогодошниот дуел на “Театарот на соништата“ му припадна на Јунајтед совладувајќи го Арсенал со 2-1.

Арасенал петта година во низа е без трофеј во Премиер Лига. “Топџиите“ под водство на “професорот“ французинот Арсен Венгер создадоа компактна и респектабилна екипа од млади “дечки“ и искуство кое го акумилираа со играње на големи натпревари. Настапот на капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас е под знак прашалник додека во стројот ќе се врати заздравениот Аршавин.


На натпреварот со Јунајтед, фановите на Арсенал очекуваат повторно да блесне французинот Самир Насри, кој со ексцентрични додавања и соло продори би требало да е константна закана по голот на Едвин Ван Дер Сар.

Мх.П.