Антонин Паненка е првиот фудбалер кој со лоб удар од белата точка постигнал погодок. Ниту тој самиот не бил свесен дека така изведниот пенал ќе биде историски.
Историскиот момент се случил во финалето од Европскиот шампионат 1976 година во Белград меѓу Чехословачка и Германија. Во одлучувачката серија при резултат 4-3, и покрај силниот притисок напаѓачот го извел овој “луд“ удар и ја обезбедил титулата за Чехословачка.
– Никој дотогаш немаше изведено ваков пенал. Јас дојдов до таква идеја бидејќи после тренинзите во мојот клуб Бохемијанс заедно со голманот Здењек Хрушка останувавме да вежбаме. Да биде поинтересно се обложувавме на пиво, или чоколади. Тој беше одличен голман и бидејќи почнав констатно да губам, морав да измислувам различни начини на изведување на пеналите. Она што забележав е дека голманите чекаат до последен момент пред да биде изведен ударот. Си помислив дека со ваквиот лоб голманот, откако ќе одбере страна нема да има време да се врати и да ја фати топката. Потоа откако го усовршив тој удар, се поправив, бидејќи сите пива и чоколади “легнуваа“ на моја сметка – вели легендарниот Антоанин Паненка.
Фудбалерот вели оти бил сигурен дека нема да промаши во финалето.
– Повеќе од две години пред Европскиот шампионат почнав да се обидува. Прво тоа го правев на пријателски средби, и си реков зошто да не се обидам и на првенството. Фудбалерот пред мене промаши и на мене беше редот. Тоа беше како Господова желба. Бев 100 посто сигурен дека ќе го изведам на тој начин пеналот и дека ќе погодам – се присеќава Паненка.
Покрај триумфот во 1976 година, Паненка со тимот на Чехословачка беше трет на турнирот во 1980 година.
Сега Паненка е технички директор на клубот Бохемијанс.
Два сребрени и три бронзени медали освоија младите натпреварувачи на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на меѓународниот ИТФ турнир „Плевен Опен 2026“ за деца до 14 години, што...
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид финансирана од Општина Охрид во ООУ Братство Единство Охрид беше организиран XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 младинци, за...
Изминатиот викенд во Струга се одржа возбудлива едриличарска регата на која силите ги одмерија младите спортисти од ЗСЕ „Акватика Јахтинг“ – Охрид и домашниот клуб ЕК „Снегар“ – Струга Акваториумот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.