По повод Европската година на волонтерството, Младински Совет Охрид, како регионална канцеларија на Коалицијата на младински организации СЕГА, организира видео конференција помеѓу млади од Охрид, Прилеп и Штип  од Република Македонија и Долна Нормандија од Франција.

Целта на Видео конференцијата е  да им се даде можност на младите од Република Македонија да дискутираат со свои врсници од Франција на темата ,,Волонтерство,, и да ги разменат своите искуства за можностите кои ги имаат да волонтираат во заедницата, како и за можностите да волонтираат во странство. Конференцијата ќе се одвива на француски јазик. На оваа видео конференција, од Охрид, ќе учествуваат 6 средношколци, ученици во Охридската гимназиија. Според програмата за работа, предвидено е да се изврши виедео презентација на програмата МЛАДИ ВО АКЦИЈА, претставување на учесниците од Долна Нормандија, преставување на учесниците од Република Македонија, пренесување на искуства на претставници на Европскиот Волонтерски Сервис, а исто така предвидена е и дискусија помеѓу младите на различни теми поврзани со волонтирањето. Пред сите учесници на конференцијата, предвидено е да се направи и презентација на Охрид, со цел да се направи промоција на градот.

Видео конференцијата предвидено е да започне во 15.00 и да трае до 17.00 часот.

OhridNews