Њукасл со убедливи 3-0 го совладаа актуелниот првак во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед. “Црвените ѓаволи“ на “Сент Џејмс Парк“ на личеа на себе и го забележаа вториот пораз во низа. откако во мината рунда на Олд Трафорд изгубија од Блекбурн со 3-2. Победата за “страчките“ ја најави Демба Ба во првиот дел, Кабаје со “мајсторски“ погодок зголеми на 2-0 додека конечните 3-0 ги постави Џонс кој си ја затресе сопствената мрежа.

Во вториот натпревар вечерва Болтон со полн плен се враќа од гостувањето кај Евертон, победувајќи со 2-1.

Табела : Мен Сити 48, Мен Ју 45, Тотенхем 42,  Челси 37, Арсенал 36. . .

Мх.П.