Реал Мадрид втор пат и нанесе минимален пораз на Малага 1-0 и со севкупни 4-2 се пласираше во 1/4 финалето. Стрелец на победничкиот погодок е повратникот во екипата французинот Карим Бензема. Второлигашот Мирандеш направи сензација откако го елиминираше Расинг Сантандер.

По пласманот во 1/4 финалето на “кралевите“ на повидок е нова епизода од големото дерби “Ел Класико“ откако Барселона во првиот меч ја совлада Осасуна со убедливи 4-0, реванш натпреваро во “Памплона“ ќе биде чиста формалност.

Резултати : Малага – Реал Мадрид 0-1, Расинг – Мирандеш 1-1, Мајорка – Реал Сосиедад 6-1.

Мх.П.