Реал Мадрид по 120 минути игра ја победи Барселона со 1-0 и го освои кралскиот Копа Дел Реј. Одлучувачкиот момент се случи во 102 минута кога по центрашутот на Ди Марија, Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Барселона.


Натпреварот беше исклучително нервозен а Ундијано Маленко покажа 10 жолти картони и еден црвен во финишот на мечот на Ди Марија.