Парма ја победи Фиорентина во продолжението со 2-1 и обезбеди пласман во четвртфиналето од италијанскиот куп. Херој за “млекарите“ беше ветеранот Креспо кој со “парот“ во 116 и 118 минута ја покори “виола“. Претходно во 114 минута од мечот Сантана погоди за водство на гостите.
На 13. јануари во Торино се среќаваат Јувентус и Катанија, на 18. јануари Наполи и Болоња, додека ден подоцна покрај мечот на римски “Олимпико” во Џенова играат Сампдорија и Удинезе.
На 19 јануари ќе се судрат римските ривали, а седум дена подоцна силите ќе ги одмерат Интер и Џенова, односно Палермо и Киево.
Кругот го затвораат фудбалерите на Милан и Бари со мечот на “Сан Сиро” закажан за 20. јануари.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...