Составот на Еурофарм Работник не успеа да освои бодови на дуелот со Кокс претрпувајќи пораз (23-21), но голманот Градимир Чаневски со бравурозна одбрана го одбележа мечот, а и колото во Лигата на Шампиони.

Чуварот на мрежата на „фармацевтите“ со „кунг фу“ одбрана не му доволи на противникот на постигне погодок и заслужено ја освои најдобра одбрана во Лигата на Шампиони.

Во изборот на најдобрите тимот од Битола има уште еден свој претставник. Се работи за Ловро Јотиќ кој го има третиот погодок во изборот на најдобрите пет.

Идеален тим:

Лево крило: Диого Бранкињо (Порто)

Лев бек: Вилијам Богојевиќ (Савехоф)

Среден бек: Баруш Пукоски (Мотор Запорожје)

Десен бек: Клауди Одриозола (Бидасоа)

Десно крило: Микита Ваилупау (Мешков Брест)

Пивот: Бенс Бандини (Пик Сегед)

Голман: Иван Стевановиќ (Висла Плок)

OhridNews