Семафорите на крстосницата во непосредна близина на ОУ „Христо Узунов“ во Влашка маала, синоќа ги збунија учесниците во сообраќајот. Сите светла наизменично се палеа и гасеа, а возачите мораа дополнително да внимаваат на останатите учесници во сообраќајот, бидејќи семафорите наместо да го олеснат, го отежнаа одвивањето на сообраќајот.

OhridNews