Лацио го победи Киево со 1-0 благодарение на голот на Мауро Зарате и се искачи на врвот на табелата во Италија. Победи забележаа Фиорентина над Парма, Бари над Бреша 2-1, додека Наполи славеше на гости кај Чезена с0 4-1. Без победник завршија мечевите Катанија – Болоња 1-1, Палермо – Лече 2-2, и Сампдорија – Удинесе 0-0.

Српскиот интернационалец Милош Красиќ со хет трик е најзаслужен за победата на “старата дама“ над Каљари со 4-2. Бонучи му се придружи на Красиќ во листата на стрелци додека за Каљари двата погодоци го постигна Матри.


ohridnews