Српскиот интернационалец Дејан Лекиќ два пати ја затресе мрежата на Барселона во триумфот на Осасуна со 3-2, пораз кој ја “замрзна“ Барселона на -7 од Реал Мадрид. Одлуката да ги остави на клупата Чави, Иниеста и Фабрегас се покажа кобна за Гвардиола, кој е на пат до губење на приматот во Ла Лига.

Реал ќе има можност да им побегне цели десет бода доколку на домашен терен слави над  Леванте.