Македонската репрезентацијата во Футсал својот сон го претвори во јаве откако во претквалификациите со максимални девет бодови го зазеде првото место во групата Ц.

Во одлчувачкиот натпревар играч број еден и главен виновник за пласманот на Македонија во квалификациите беше охриѓанецот Зоран Левески кој ги постигна двата круциални погодоци во победата над Грузија. Носителот на наградата најдобар фудбалер во футсал за 2010 и четата на Скендеровски ги оправда очекувањата на целата македонската јавност.

–    Притисокот беше огромен особено на последниот натпревар онај решавачкиот со Грузија. Нас ни одговараше само победа додека на репрезентацијата на Грузија која на двата претходни натпревари не прими погодок доволна и беше бод за да се пласира понатаму.  Голем пех за нас беше повредата на Наскоски на натпреварот со Естонија,  кој малце ја наруши добрата атмосфера во репрезентацијата. Ситни повреди имаа најдобриот стрелец во репрезентацијата со пет погодоци Ранготов и неуморниот Јованоски. Сите заедно како колектив стегнавме заби, и го оставиме срцето на терен за да се пласираме понатаму и да направиме крупен чекор кон Европската врата на футсалот – истакна херојот на “црвено- жолтите“ Левески.

Најавите и анализите велеа дека Англија ќе биде првата и главна пречка за Македонија во групата Ц во битката за пласман во наредната фаза, но се случи спротивното “гордиот албион“ од Скопје си замина со наведната глава.

–    Јас лично очекував дека првиот натпревар со Англија ќе треба да решава за излгедот на табелата но испадна спротивното и третиот натпревар во групата да ја решава нашата судбина.  Англиската репрезентација во Футсал не е ни слична на онаа што игра “голем“ фудбал. Не ги преценавме, влеговме цврсто во мечот решени дека ќе ја совладаме Англија, во што и успеавме – потенцираше стрелецот на три погодоци на турнирот.


Сега, визата за квалификациие во Полска е заверена, натпреварите се играат од 24 до 27 февруари, а “црвено –жолтите“ се во група со вицепрвакот од последното Европско првенство  Португалија, потоа Белорусија како и домаќинот Полска.

–    Португалија е врвна селекција и е фаворит во нашата група,  но нашето мото е дека ние однапред не се предаваме. Како и секој домаќин така и Полска, очекувам да одигра добар турнир и да има силна подршка од трибините , додека за нас сметам дека најнезгодна ќе биде репрезентацијата на Белорусија која потекнува од “руската“ школа која е една од најдобрите во светот – вели Левески за нашите противници во квалификациската група.

Македонската репрезентација во Футсал ќе продолжи со контролните средби па така на 29 и 30 месецов патуваат во Либија каде ќе одгираат две контролни средби со нивната репрезентацијата.  Пријателските средби со Либија ќе бидат дел од подготовките за квалификациите  за Европското првенство кое ќе се одржи во Хрватска наредната година.

Михаил Постоловски