По 20 години минати во најсилната шпанска лига, Депортиво Ла Коруња се сели во понизок ранг. Судбината сакаше нивниот “крвен“ непријател Валенсија да ги прати во “секунда“. Не е прв пат Валенсија да се испречи пред “галицијците“.

Во 1994 година, Депортиво беше на чекор до освојување на титулата. Во судиското продолжување српскиот интернационалец Мирослав Ѓуќиќ имаше можност со гол од пенал да ја донесе титулата на Риазор, но Гонзалес го скроти неговиот удар.

Валенсија повторно беше кобна , синоќа откако со головите на Адруиз и Солдадо го испратија некогаш моќниот Депоритво во историјата.