Ливерпул ќе игра против Кардиф во финалето од Лига купот по ремито 2-2 со лидерот на табелата Манчестер Сити. Благодарение на победата од 1-0 во првиот меч “црвените“ се изборија за својот прв натпревар на “реновираниот“ Вембли. Жерард и Белами погодија за Ливерпул, а Де Јонг и Џеко ја тресеа мрежата на домаќинот.

Финалето се игра на 26 февруари.