Со погодок во судиското продолжение на Серхио Агуеро, Манчестер Сити ја забележа првата победа во Лигата на Шампиони. Виљареал поведе преку Кани, Марчена пред крајот на првиот дел ја затресе сопствената мрежа додека комплетниот пресверт го направи Агуеро.


Во целост ја заслуживме победата, низ целиот натпревар имавме посериозни прилики за погодок. Тие беа опасно од контранапади и бевме концетрирани на тоа. На погодок од Агуеро се израдував како “мало дете“ но оваа победа ни ги врати шансите за пласман во наредната фаза – смета Манчини.

Италијанскиот Наполи и без Пандев успеа да го запре Баерн Минхен ремизирајќи 1-1. “Баварците“ до предност стигнаа многу рано откако Тони Крос беше прецизен по две минути игра. На секоја серија му доаѓа крај, фудбалерот на Баерн Минхен, Бадштубер ја затресе мрежата на Нојер кој немаше примено погодок 12 натпревари или 1147 минути.

Игравме против силна екипа, среќен сум на ремиот против Баерн Минхен. Тие ја контролираа играта но се спротиставивме во добро светло – вели Валтер Мацари, тренерот на Наполи.


Интер пред натпреварот со Лил ги консолидира редовите и успеа да обезбеди минимален триумф над францускиот првак. Седмицата на “нероазурите“ беше стрелец на голот вреден три бода.


“Црниот“ период е зад нас, фудбалерите се бореа и во целост ја заслужија победата. Сега треба да свртиме нова страница и да ја пишиме со “светли“ букви – истакна Раниери.

ЦСКА Москва со убедливи 3-0 го совлада турскиот Трабзон кој полека спласнува по воведната победа над Интер на Џузепе Меаца.

Мх.П.