Манчестер Јунајтед е вториот финалист во Лигата на Шампиони. “Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд со “покер“ победа од 4-1 го совладаа Шалке и со севкупни 6-1 обезбедија петто финале во историјата.


Менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон на реванш мечот од 1/2 финалето одлучи да ги одмара клучните фудбалери. Но тоа драстично не се почувствува на теренот, “црвените ѓаволи“ напаѓаа со сите расположливи средства.


Отпорот “бебињата“ го скршија во 26-та минута преку еквадорецот Антонио Валенсија по асистенцијата на Дарон Гибсон. Поминаа само пет минути, односно во 31-та минута ирецот Гибсон шутира, Нојер нејсвојствено киксира за 2-0. Комоцијата во одбраната на Јунајтед со погодок ја казни Хурадо во 36-та минута.

Во вториот дел Шалке го притисна Јунајтед но без посериозни прилики по втор пат да го загрозат голот на Едвин ван дер Сар. Тренерот на Шалке, Рагник со внесувањето на Хунтелар фрли се на една карта, на напад,  а тоа му  озовможи на Манчестер преку  контра напади да го зголеми водството. Тоа се случи во 72-та минута кога  Андерсон стрела за 3-1.

Бразилската самба на Олд Трафорд продолжи откако Андерсон по втор пат ја затресе мрежата, овојпат по асистенцијата на Бербатов, со што го потврди пласманот на црвените ѓаволи во финалето на Вембли.

Мх.П.