Лидерот во англиската “премиер“ лига, Арсенал го елиминира европскиот шампион Милан совладувајќи го на Сан Сиро со 2-0. Доминантната игра “топџиите “ ја крунисаа во финишот на мечот со головите на Фабрегас во 85` и Адебајор во 93`.

30-от гол во сезоната на Кристијано Роналдо беше доволен за севкупни 2-1 во дуелот со Лион и пласман на Манчестер Јунајтед во четврт финалето во Лигата на Шампиони.


Минимален триумф за каталонците во дуелот со Селтик. Стрелец на победносниот гол беше Чави во 3 минута. Победата на Барса остана во сенка на повредата  на Лео Меси.

Најнеизвесниот натпревар во ревнаш натпреварите од 1/8 се одигра во Севиља. По 90 минути натпреварот заврши со идентични 3-2. Немаше погодок во продолжението по што пеналите го дадоа конечниот победник. Јунак во пенал серијата беше голманот на Фенербахче, Волкан Демирел кој ги скроти ударите на Ескуде, Мареска  и Алвеш за конечни 3-2 и пласман во ¼ финалето.

Денес играат Порто – Шалке (0:1), Реал Мадрид – Рома (1:2), Челси – Олимпијакос(0-0),  Интер – Ливерпул ќе играат на 11 март.