“Црвените ѓаволи“ на гостувањето во Романија стигнаа до првата победа во Лигата на Шампиони, откако го совладаа Отелул со 2-0. Погодоците за Манчестер Јунајтед ги постигна Вејн Руни од белата точка.


Треба многу да се работи за да се оствари победа на гостување, домаќините одиграа многу добро, ние имавме се под контрола. Договорот кој го направивме на полувремето донесе резултат. Во  вториот дел Руни го прекомандував во “шпицот“ до нападот, Нани одигра посебно а Андерсон царуваше во средината – истакна менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.

Во вториот натпревар од групата, Бенфика неочекувано лесно триумфираше над Базел со 2-0. Швајцарскиот преставник во втората рунда го шокираше Манчестер на Олд Трафорд но овој пат тоа му го стори на сопствените навивачи откако претпре пораз на домашен терен.

“Кралевите“ го одржаа 100% ефект во Лигата на Шампиони, избраниците на Мурињо со 4-0 го преслушаа Лион. Четири различни фудбалери се запишаа во листата на стрелци за “белите“, резултатот го отвори Бензема, на 2-0 зголеми германецот Кедира. Голманот на “лавовите“ Лорис ја затресе мрежата за 3-0, дефанзивецот на Реал Мадрид, Сехио Рамос ги постави конечните 4-0.


Групата каде се наоѓаме е најака од сите преостанати, во нашата група сместени се францускиот првак, холандскиот “бисер“ Ајакс и хрватскиот првак. Ние одработивме добра работа што триумфиравме на првите три натпревари од стартот – потенцираше “специјалниот“ Хозе Мурињо.

Динамо Загреб го претрпе третиот пораз во третиот натпревар до Лигата на Шампиони, овој пат од “коцкестите“ подобар беше четири кратнио првак Ајакс со 2-0. Борбата за втората позиција помеѓу Ајакс и Лион ќе би неизвесна до самиот крај.


Мх.П.