Апоел, Зенит, Челси, Леверкузен, Барселона, Милан, Олимпик Марсеј и Арсенач се осумте патници во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони откако се одигра последната рунда во Е-Х сегментот.


Македонскиот репрезентативец Иван Тричкоски и неговиот АПОЕЛ го претрпеа првиот пораз во групната фаза од Шахјтор со 2-0, но останаа на првата позиција откако Порто ремизираше на домашен терен со Зенит играјќи 0-0. Рускиот преставник Зенит продолжува во 1/8 финалето додека Порто ќе се спушти едно скалило подолу во Лигата на Европа.

Резултати: АПОЕЛ – Шахјтор 0-2, Порто – Зенит 0-0

Табела: АПОЕЛ 9 бодови, Зенит 9, Порто 8, Шахтјор 7.

Во трилер натпревар одигран на Сигнал Идуна Парк, Олимпик Марсеј обезбеди пласман во 1/8 финалето. Французите имаа негатива од 2-1, избраниците на Дешамп во последните мигови од мечот резултатот го свртија во своја корист што значеше пласман во најдобрите 16. По победата над Арсенал од 3-0 Олимпијакос заврши на третата позиција која води во Лигата на Европа.


Резултати: Олимпијакос – Арсенал 3-1, Дортдмунд – О. Марсеј 2-3

Табела: Арсенал 11, Марсеј 10, Олимпијакос 9, Дортдмунд 4.

Менаџерот на Челси, португалецот Андрес виљаш Бојаш “преживеа“ на клупата откако во мечот “да се биде или не“ “сините “ ја совладаа Валенсија со 3-0 и обезбедија“мирна зима“. Во вториот натпревар Леверкузен и Генк ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1.

Резултати: Челси – Валенсија 3-0, Генк – Леверкузен 1-1.

Табела: Челси 11, Леверкузен 10, Валенсија 8, Генк 3.

Откако беше све решено во оваа група, последната рунда беше само формалност. Барселона со вториот состав го торпедираше Бате Борисов со 4-0 додека Милан прокоцка предност од 2-0 и на крајот мечот заврши 2-2.

Резултати: Барселона – Бате 4-0, Плзен – Милан 2-2.

Табела: Барселона 16, Милан 9, Плзен 5, Бате 2.

Мх.П.