Црвена Ѕвезда упати јавно извинување до Златан Ибрахимовиќ, кој вчеравечер од луѓе во ВИП ложата на стадионот „Рајко Митиќ“ беше навредуван. Асот на Милан не реагираше на провокациите, но сите се згрозени од однесувањето на поединците, кои ја фрлија во сенка добрата фудбалска претстава во Белград.

„Црвено белите“ најави ригорозни казни и суспензии за лицата, кои со помош на истрага ќе бидат откриени.

Натпреварот заврши без победник 2-2. Реваншот се игра следниот четвртокот, на „Сан Сиро“ во Милано.

OhridNews

 

(Обновено)ЛЕ: Црвена Ѕвезда извлече реми со Милан, „ѓаволите“ го растурија Сосиедад (видео)