Манчестер Јунајтед го продолжи походот кон 19-та титула совладувајќи го Стоук со 2-1 на Олд Трафорд. Со оваа победа Манчестер се одлепи на врвот на табелата со “плус три“ пред Ман Сити а Арсенал заостанува пет бодови.


“Црвените ѓаволи“ во крпен состав беа решени да го совладаат Стоук и да ја зацврстат лидерската позиција во Премиер Лигата. По неуспешните обиди на Нани, Бебратоб и Гигс. Прв мрежата ја начна “Чичарито“, кој реагираше одлично на асистенцијата на португалецот Нани.  


Вториот дел навестуваше дека победничкиот танц на избраниците на Фергусон ќе продолжи но “бебињата“ ги расплака Вајтхед кој го искористи центаршутот на турчинот Санли Тунчај.

По примениот погодок нападите на Манчестер Јунајтед кон голот на Стоук
беа се посилни. Дефанзивата на Стоук не успеа да одолее на опсадата и по
асистенција на мексиканецот “Чичарито“, Нани со прецизен удар ги донесе
во ред работите на Олд Трафорд.


Резултати: Мен Ју – Стоук 2-1, Блекпул – Бирмингем 1-2, Фулам – ВБА 3-0.

Табела: Мен Ју 44, Мен Сити 41, Арсенал 39. . .