Големите дупки, не само што им нанесуваат штети на моторните возила кои секојдневно сообраќаат по овој патен праец, тие претставуваат и голема опасност и за безбедноста на возачите и на патниците.
Поради неможноста да ги фотографираме најлошите делови од автопатот , направивме кратко видео на потегот од Кичево до планинскито превој Стража, каде што се видливи најголемите оштетувања.
Инаку Владата на Република Македонија кон крајот на февруари и официјално се откажа од изградба на автопат Ќафасан – Охрид – Гостивар. Наместо автопатно решение, сега се предлага ревитализација и проширување со една лента на постоечката магистрала од Охрид до Кичево, за што било разговарано на една од седниците на владиниот Економскиот совет. Во однос на патниот правец Кичево – Гостивар Економскиот совет одлучил повторно да се оди со концесија на патиштата.
Турстичките работници од Охридскиот регион, во изминатите неколку години многу пати апелираа до надлежните институции за важноста на оваа сообраќајна делница и за тоа дека нејзната неуреденост остава лош впечаток на туристите.