Македонската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификацискиот циклус за континеталниот собир во 2012 година во Полска И Украина. Стрелци во победата над Андора беа Наумоски во 42. минута и Шиков во 60 минута.

До првата победа во “после Пандев ерата“ избраниците на Мирсад Јонуз стигнаа во неубедлива игра , во натпревар по кој ќе останат запаметени само трите бода.  По серијата откажувања поради повреди, Јонуз уште толку го измеша тимот што по првиот полачас “жолтите“ изгледаа изгубено на теренот, а по 40 минути игра немаа ниту еден директен удар кон голот.

Својата грешна тактичка поставеност, селекторот ја призна во 34 минута кога место Георгиевски во игра го уфрли Ѓуровски. Лазаревски кој го завзеде местото на повредениот Попов го изведе ударот од аголот во 42 минута кој во водство го претвори Наумоски. За 192 цм високиот Наумоски ова беше деветти погодок , втор во серија во овие квалифкиации.


Благодарение на присебниот Нурединовски, нашата мрежа остана недопрена по првите 45 минути.

По паузата и скршениот отпор на гостите македонските репрезентативци заиграа далеку по ангажирно, се редеа ударите кон голот на Андора на Ѓуровски, Тричковски и Ристиќ ги спречи расположениот Гомез. По еден час игра повторно профитиравме по удар од аголот, Ѓуровски нафрли а непречен од никого Шиков со глава ја заби топката во мрежата за релаксирачка предност. Бранителот Шиков по втор пар во својата кариера постигнува погодок за Македонија.

По постигнатиот гол следуваа серија замени по кои не се смена значително сликата на теренот, домашните се заканија преку Хименез, додека најзрелите прилики во нашиот табор ги имаше нововлезениот Ибраими.

Малерот е скршен, но на сите треба да им биде е јасно дека со ваква игра тешко ќе биде против забревтаната Русија во вторник на “Филип Втори“.

М.Постоловски